Дамчевски потпишува за Железничар

Поранешниот македонски репрезентативец Александар Дамчевски својата кариера ја продолжува во прволигашот од БиХ, Железничар.

Како што пренесуваат медиумите од БиХ, Дамчевски денеска треба да пристигне во Сараево каде и официјално треба да потпише договор со својот нов клуб.

„Остануваат уште само мали детали пред и дефинитивно да се постигне договор меѓу двете страни“ – пишуваат медиумите од БиХ.

Дамчевски, кој беше стандарден македонски репрезентативец во времето на селекторување на Бошко Ѓуровски, претходно во својата кариера има настапи и за кипарски Ермис, казахстански Атирау, швајцарскиот Луцерн како и бугарскиот прволигаш Черноморец.

Се вчитува...