Флорентино Перез е апсолутен фаворит на претстојните претседателски избори во Реал Мадрид, па тој веќе повлекува и конкретни потези на трансфер-пазарот во пресрет на официјалниот почеток на летниот преоден рок.
Перез веќе го договори Жозе Мурињо за нов тренер, а договорени се условите и со Ибрахим Конате, кој по заминувањето од Ливерпул како слободен играч ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.
Како што информираат шпанските медиуми, следен на листата на Перез е холандскиот репрезентативец Данзел Дамфрис, кој е под договор со Интер, но во тој договор има клаузула за раскин од „само“ 25 милиони евра.
На Реал му е неопходен нов десен бек по заминувањето на Карвахал, а Мурињо има високо мислење за Дамфрис и дал зелено светло за Флорентино да ги почне преговорите со неговиот агент. Станува збор за стил на играч различен од Трент Александер Арноолд, со што Мурињо би имал повеќе опции во дефанзивната линија и можнот за ротации во зависност од противникот.
Доколку Дамфрис даде зелено светло, Флорентино е подготвен експресно да ги финишира преговорите, да ја активира клаузулата со Интер и уште пред стартот на СП 2026 да го доведе холандскиот дефанзивец во Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
