Дамјан: Освоивме двојна титула во Македонија, но се уште жалиме за АБА

Кошаркарите на МЗТ Скопје стигнаа до десеттата јубилејна титула во мак-баскетот откако со „метла“ го урнаа Пелистер во финалната серија.

Kапитенот на „металците“, Дамјан Стојановски по освојувањето на трофејот изјави дека ова е одличен крај на годината, иако се уште останува жал за АБА лигата.

„Знаевме дека само со добра одбрана можеме да дојде до победа на гостински терен и да ги сопреме добрите играчи на противникот. Го освоивме Купот на Македонија и титулата, жалиме за АБА-лига што испаднавме, имавме мечеви кои не ги ги добивме. Се надевам дека ќе влеземе пак и ќе ја претставивме Македонија во најдобро светло“, рече Дамјан. 

Се вчитува...