Дамјан паузира десет дена, го пропушта дербито со Работнички

Добра вест за МЗТ Скопје – повредата што Дамјан Стојановски ја заработи на дуелот со Блокотехна не е од посериозен карактер, па капитенот на актуелниот шампион наскоро ќе се врати на кошаркарските терени. Деталните лекарски прегледи покажаа дека станува збор само за истегнување на страничните лигаменти, повреда по која вообичаено паузата изнесува десет дена.

„Прегледите минаа во најдобар ред и покажаа истегнување на страничните лигаменти. Ова е добра вест бидејќи наскоро ќе можам да се вратам на терените. Вообичаената пауза изнесува десетина дена, иако може да биде пократка или подолга во зависност од индивидуалниот случај“ – истакна Стојановски за ЕКИПА.

Ова значи дека капитенот на МЗТ Скопје сигурно ќе го пропушти следниот дуел, на домашен терен со Гостивар, а голема е веројатноста дека нема да настапи ниту на вечното дерби со Работнички, што ќе биде на програмата на 14 април.

Се вчитува...