Дамјан: Победивме незгоден ривал, сега на ред е Работнички

МЗТ Скопје по голема битка славеше во Гевгелија над Блокотехна, триумфирајќи со 3-1 во полуфиналната серија и обезбедувајќи пласман во големото финале од плејофот.

„Добивме незгоден ривал, тим што ни создаваше многу проблеми од почетокот на сезонава, тим што многу добро знае што игра и во нападот и во одбраната. Сепак, покажавме карактер и квалитет, одигравме одлично денеска на гостински терен и стигнавме до финалето. Денеска пресудија одбраната и скокот, тоа беше нашата формула за успех“ – изјави Дамјан Стојановски.

Капитенот на „металците“ сепак е свесен дека главниот предизвик допрва ќе претстои, финалната серија со Работнички.

„Секако, одлично е чувството да се обезбеди финале, но наша цел како шампиони е да ја одбраниме титулата. Добро се познаваме со Работнички, неколку средби сезонава добивме, неколку загубивме, мислам дека и двата тима ќе влезат со свои шанси за трофејот. За нас најважно ќе биде да одиграме дисциплинирано и максимално ангажирано, како во нападот, така и во одбраната“ – истакнува Стојановски.

Се вчитува...