Дамјан: Подмладувањето ќе даде резултат во овие квалификации

Дамјан Стојановски е еден од најискусните во новата подмладена репрезентација на Македонија, а капитенот на МЗТ Скопје е оптимист дека новиот бран на кошаркари во националниот тим веднаш ќе остават позитивна трага врз играта на „црвено-жолтите“.

„Подмладувањето е неминовен процес во сите репрезентации, така и во нашата. Ми се допаѓа она што го видов од помладите во овие тренинзи, што ми дава право за оптимизам во овие квалификации. Прв натпревар ни е оној со Естонија, од исклучително значење за нас, но верувам дека со вистински пристап и максимална ангажираност во текот на сите 40 минути ќе го донесат посакуваниот резултат“, изјавува Дамјан Стојановски во пресрет на денешниот натпревар.

Токму овој кошаркар беше меѓу оние кои поради вироза не тренираа со полна пареа во последните денови, но се очекува Дамјан да биде максимално подготвен за настап против Естонците.

Се вчитува...