Дамјан Стојановски е изборот за МВП на финалната серија од кошаркарскиот плејоф на Македонија, откако капитенот на МЗТ Скопје ги предводеше аеродромци до 11. шампионска титула во клупската историја.
Дамјан го заврши првиот натпревар со 16 поени, во втората победа над Пелистер придонесе со 13 поени, а иако вечерва постигна скромни два поени (со четири скока и три украдени топки), неговиот придонес како лидер на МЗТ Скопје беше пресуден за долгогодишниот македонски репрезентативец покрај шампионскиот пехар да земе и уште едно индивидуално признание.
Договорот на Дамјан Стојановски истекува на крајот од сезонава и останува да се види дали големиот ас ќе игра уште една година во дресот на МЗТ Скопје или ќе стане дел од раководството, каде е „резервирана“ функција за долгогодишниот капитен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА