Дамјан Стојановски останува верен на МЗТ Скопје

Дамјан Стојановски наскоро ќе ги разреши дилемите околу својата иднина и ќе потпише нов едногодишен договор со МЗТ Скопје, откако раководството на аеродромци ја подобри понудата во преговорите. Стојановски беше меѓу најдобрите кошаркари на МЗТ минатата сезона, а управата на клубот најави дека сезоната приоритет ќе биде да има што повеќе домашни играчи во тимот, па останувањето на Дамјан беше многу важно за клупската стратегија.

Македонскиот репрезентативец по завршувањето на обврските кон националниот тим наскоро заминува на годишен одмор, а за очекување е конечната одлука да ја донесе час поскоро.

Опција за Стојановски беше и клуб од Турција, но според последните информаци зголемената понуда од МЗТ Скопје ќе придонесе тој да го продолжи својот престој во СЦ „Јане Сандански“, освен доколку во последен момент не дојде до неочекуван пресврт во ситуацијата.

МЗТ ги задржа во своите редови Соколов и Маслинко, го врати назад во Аеродром центарот Љубомир Младеновски, а како засилување за плејмејкерската позиција беше ангажиран Американецот Лестер Медфорд.

Се вчитува...