Дамјан Стојановски со тројка во последните секунди за драматична победа на МЗТ против Кожув

Кошаркарите на МЗТ Скопје успеаја некако да славеат победа од 89-88 на домашен терен против Кожув во шестата рунда натпревари од плеј-оф разигрувањето за шампионската титула.

„Металците“ во драматичен натпревар, дури по продолжението стигнаа до победата благодарение на тројката на Дамјан Стојановски на 17 секунди пред крајот на мечот за конечни 89-88 откако претходно гостите имаа предност од 86-88.

А, Кожув имаше шанса до победата да дојде во регуларниот дел од натпреварот, но МЗТ Скопје успеа да извлече продолжение со поенот од слободно фрлање на Вудард, исто така во последните секунди.

Најдобар во победата на МЗТ Скопје беше Дамјан Стојановски со 22 поени, пет асистенции и четири скока, 16 поени запиша Вудард а 15 поени – Соколов. Кај гостите се издвои Кесар со 20 поени и 11 скока, а Вилијамс натпреварот го заврши со 17 постигнати поени.

По оваа победа, МЗТ Скопје повторно си се зацврсти на врвот од табелата со 23 победи и три пораз, пред Работнички кој е со 21 победа и пет порази.

Се вчитува...