Данец одново ќе ги „скара“ Реал Мадрид и Барселона

Реал Мадрид и Барселона се вечни ривали во шпанскиот фудбал, тука нема никакви тајни, а војната продолжува секој преоден рок со настојувањето да се биде побрз од противникот и да се доведе вистинското засилување. Најновата битка ќе биде за Данецот Кристијан Ериксен. Одличниот играч за врска игра во голема форма во дресот на Тотенхем и веќе е цел на големите ривали.

Барселона го посакува Ериксен како наследник на Андрес Иниеста, иако веќе доведе значајни засилувања во средниот ред, Бразилците Фелипе Кутињо и Артур, кој допрва треба да пристигне на „Камп Ноу“. Но, и „кралскиот клуб“ гледа во Ериксен вистински наследник на Лука Модриќ.

Од друга страна, Тотенхем секако нема така лесно да се откаже од услугите на Кристијан Ериксен. Данскиот репрезентативец се проценува на 70 милиони фунти, а менаџерот Маурицио Покетино сепак би сакал да го задржи во својот тим.

Се вчитува...