Дани Алвеш: Му кажав на Нејмар дека мора да си го смени однесувањето

Веднаш по неговото пристигнување во ПСЖ во 2017 година од Барселона за 222 милиони евра, Нејмар во соблекувалната на Французите се постави како главен лидер. Но, тоа дефинитивно не им се допадна на неговите соиграчи…

Воведните негови месеци во ПСЖ беа одбележани од бројни судири со тренерот и со соиграчите, од кои посебно се истакна оној со Единсон Кавани. Неизвесен беше и неговиот настап на СП во Русија, но откако навреме се опорави и се појави во бразилскиот дрес повторно не импресионираше.

Наспроти квалитетот на терен, светот ги виде неговите актерски способности што предизвика лавина негативни реакции… Токму поради сето тоа, коментар на неговото однесување и на терен и надвор од него има неговиот добар пријател и соиграч Дани Алвеш…

„Во животот некогаш се случуваат работи кои ќе те направат позрел и преку кои ќе разбереш дека мора да се однесуваш професионално. Многу зборував со Нејмар, мислам дека сега е поискусен… Му кажав дека мора да го промени однесувањето, а и по сите оние потсмевања на негова сметка за време на Светското првенство мислам дека самиот разбра некои нешта и ќе се промени“ – вели Алвеш.

Се вчитува...