Дани Алвеш се збогува со ПСЖ

Бразилскиот интернационалец Дани Алвеш заминува од Париз по две години поминати на „Паркот на принцовите“. Тој и официјално објави дека се разделува со Пари Сен Жермен и дека ќе побара нов предизвик во кариерата. 36-годишниот Дани Алвеш е најтрофејниот фудбалер кој се уште е активен, а се најавува негов трансфер во англискиот премиерлигаш Вест Хем.

„Уште една успешна мисија во мојот живот е заокружена, сега е време за нов предизвик. Би сакал да се заблагодарам на семејството од ПСЖ за овозможената шанса заедно да напишеме клупска историја“, истакна Дани Алвеш.

Бразилецот минатата сезона одигра 32 натпревари во дресот на „светците“, постигна три гола и имаше осум асистенции.

Се вчитува...