Пари Сен Жермен ја освои осмата титула во француското првенство, а најтрофејниот фудбалер Дани Алвеш ја зголеми колекцијата освојувајќи го 42. пехар во кариерата. Бразилецот, кој во мај ќе наполни 36 години, во кариерата освојуваше трофеи со бразилскиот Бахија, Севилја, Барселона, Јувентус и Пари Сен Жермен.
Со репрезентацијата на Бразил, Дани Алвеш ја освои Копа Америка во 2007 година, како и двапати Купот на Конфедерации во 2009 и во 2013 година. Во неговата листа на освоени трофеи недостасува најпрестижната, пехарот од Мундијалот, но се уште се надева дека би можел да биде во селекцијата на „кариоките“ во 2022 година во Катар, на 39- годишна возраст.
Алвеш може да ја зголеми својата колекција на трофеи уште сезонава, бидејќи францускиот шамшион ПСЖ го очекува финале во националниот куп против Рен, на 27. април на „Стад де Франс“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА