Дани Алвеш во родното огниште: Дома е најубаво, никакви пари тоа не можат да го сменат (ФОТО)

Бразилскиот интернационалец Дани Алвеш заработи милиони од фудбалот, но, сепак, најубаво се чувствува во трошната куќа во родниот Жуазеиро. Тој веќе неколку дена престојува во родното место, посетувајќи ги своите роднини, пријателите од детството. Постираше фотографии од својот роден крај, напоменувајќи дека дома е најубаво, и никакви пари тоа не можат да го сменат.

Дани Алвеш отиде да им помогне на другарите копајќи на нива, го посети теренот каде за првпат почнал да игра фудбал, си наточи вода и од бардачето во родната куќа…

dani alves doma 2

dani alves doma 3dani alves 4

Се вчитува...