Дани Карвахал неизвесен за Ел Класико

Реал Мадрид се мачи со повредите на фудбалерите. По Марсело и Иско, кој е опериран, најново име кое ќе отсуствува од списокот на тренерот Хулен Лопетеги, е десниот бек Дани Карвахал. Тој е неизвесен за настап на големото дерби против Барселона, популарното Ел Класико кое ќе се одигра на 28.октомври.

Карвахал го повреди бутниот мускул на мечот против ЦСКА Москва во Русија и беше заменет во првото полувреме со Одриозола.

За претстојниот натпревар против Алавес во Ла Лига, во тимот на „кралевите“ ќе се вратат Серхио Рамос и Герет Бејл, кои не беа во составот на гостувањето во Москва.

Се вчитува...