Дани Себалјос го избра Реал Мадрид?

Младиот шпански репрезентативец Дани Себалјос е на чекор до трансфер во Реал Мадрид. Како што информира „Ас“, шпанскиот спортски весник близок до „кралскиот клуб“, Себалјос одлучил својата кариера да ја продолжи на „Сантијаго Бернабеу“. Реал Мадрид ќе плати 20 милиони евра за да го купи овој играч од Бетис, иако откупната клаузула изнесува само 15 милиони евра.

За Дани Себалјос е заинтересирана и Барселона, но очигледно дека Флорентино Перез и раководството на „кралевите“ побрзо реагираа за овој одличен играч за врска. Тој треба да биде наследникот на Лука Модриќ во Реал Мадрид. Не е исклучено и да потпише повеќегодишен договор со европскиот првак, а потоа повторно да биде вратен како позајмен играч во редовите на Бетис.

Дани Себалјос беше избран за МВП на Европското првенство во Полска за селекции до 21 година, на кое учествуваше и Македонија.

 

Се вчитува...