Даниел Аврамовски е нов фудбалер на Сараево

Повремениот македонски репрезентативец Даниел Аврамовски кариерата ќе ја продолжи во повеќекратниот шампион на Босна и Херцеговина, Сараево, пренесуваат медиумите од оваа земја.

По долги преговори, а на барање на новиот тренер на клубот, Александар Васоски, раководоството конечно успеа да го убеди Аврамовски да потпише со клубот. Договорот како што пренесуваат медиумите ќе биде со траење од две и пол години.

Аврамовски и Васоски се знаат од деновите кога соработуваа во најтрофејниот македонски шампион Вардар, а покрај во „црвено-црниот“ дрес популарниот Цујо настапуваше и за Работнички, Црвена Звезда, Војводина, Олимпија Љубљана и Кајзериспор.

Се вчитува...