Даниел Аврамовски се сели во Динамо Букурешт!

Даниел Аврамовски е пред трансфер во Романија, во тимот на Динамо Букурешт. Играчот кој е без клуб во моментов, откако го напушти Кајзериспор, како слободен доаѓа во тимот од Букурешт, за кого пред неколку дена потпиша и Мирко Ивановски.

Аврамовски покрај Кајзериспор во минатото играше и во Вардар, Работнички, Олимпија, Црвена Звезда, ОФК Белград, Војводина.

Тој е репрезентативец, но не беше повикан од селекторот Благоја Милевски за октомвриските квалификации.

 

Се вчитува...