Даниел Димевски дел од Изборното генерално собрани на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри

Претседателот на Олимпискиот комитет на Македонија, Даниел Димевски, вчера во Таранто учествуваше на Изборното генерално собрание на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри (ICMG), одржано во пресрет на церемонијата на отворање на Медитеранските игри „Таранто 2026“.

На Собранието, Франческо Пуромуто од Италија беше едногласно избран за нов претседател на ICMG за мандатниот период 2026–2030 година.

За членови на Извршниот комитет беа избрани:
Мехрез Бусајен – 1. потпретседател
Бернар Амсалем – 2. потпретседател
Јаковос Филипусис – генерален секретар
Јотис Јоанидис – благајник

Во Извршниот комитет членуваат и:
Јасер Идрис
Маја Пековиќ
Педро Фароба
Кајетано Корнет
Абдерахман Хамад
Блаж Перко
Ајда Улуч

Се вчитува...