Даниел Димевски на работна средба со врвот на Европскиот олимписки комитет

Во Тирана, Република Албанија се одржа работна средба меѓу претседателот на МОК, Даниел Димевски и Претседателот на Европските олимписки комитети, Спирос Капралос (Грција) и генералниот секретар Рафаеле Пањоци (Италија), на која беа договорени дополнителни програми за МОК, во Олимписката 2024 година.

Европските младински олимписки игри Скопје 2025 исто така беа тема на разговор, а од страна на Претседателот Димевски беше даден извештај за досегашните подготовки.

Изразувајќи големо задоволство за досега сработеното, врвот на Европските олимписки комитети дадоа висока оценка за досегашните активности и за постоечката спортска инфраструктура, а на Претседателот Даниел Димевски му ветија сигурна финансиска поддршка за организација на овој најголем меѓународен мулти-спортски настан за 2025 година, потенцирајќи ја можноста за учество на младите македонски спортисти во сите спортови кои ќе бидат на програмата на овие Европски младински Олимписки игри.

Се вчитува...