Даниел Хекет од ЦСКА со трансфер во Виртус Болоња

Даниел Хекет официјално направи трансфер од ЦСКА Москва во Вритус Болоња, потврди италијанскиот клуб. 34-годишникот имаше договор со московскиот тим до следното лето, но ситуацијата во Русија е далеку од идеална па „армеиците“ го оставија слободно да го бира новиот клуб.

Хеткет потпиша повеќегодишен договор со што италијанскиот клуб ќе добие сериозно засилување за продолжението од сезоната. Тимот од Болоња во моментот се наоѓа на петтото место во групата „Б“ во Еврокупот со скор од пет победи и пет порази.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...