Даниел Мојсов во тимот на деценијата на Војводина

Македонскиот фудбалски интернационалец Даниел Мојсов ја доби честа да биде избран во тимот на деценијата на српскиот прволигаш Војводина. Тој настапуваше за клубот од Нови Сад во периодот од 2010 до 2012 година, а во изборот на навивачите доби место меѓу најдобрите фудбалери кои настапувале за Војводина по 1.јануари 2010 година.

Мојсов, кој од 2016 година го носи дресот на кипарскиот АЕК Ларнака, очигледно остави силен впечаток во новосадскиот состав за кој одигра 55 натпревари и постигна четири гола. Во тимот на деценијата се наоѓаат и српските репрезентативци, Душан Тадиќ, сегашен капитен на Ајакс, и Сергеј Милинковиќ – Савиќ, членот на калчолигашот Лацио.

За најдобар играч на Војводина во изминатата декада е избран Абубакар Оумару. Во изборот за најдобар тренер најмногу гласови доби Ненад Лалатовиќ.

Се вчитува...