Даниеле де Роси ја завршува кариерата: Ќе бидам тренер во Рома

Легендарниот италијански фудбалер и долгогодишен член на Рома, Даниеле де Роси, кој последната сезона ја одигра во аргентинскиот клуб Бока јуниорс, одлучи да стави крај на богатата кариера. Тој вели дека сака да биде блиску до семејството и ќе се врати во Рим, а ќе почне со тренерската кариера во својот матичен клуб.

„Имам 36 години, телото може се уште да игра, но срцето вели – не. Сакам да бидам блиску до семејството, ми недостига ќерката која живее во Рим. Ќе доаѓам и понатаму да гледам натпревари на „Ла Бомбоњера“, но сега е вистинското време за да кажам – крај. И понатаму ќе останам во фудбалот, ќе почнам тренерска кариера во Рома, од најмладите возрасни категории“, изјави Даниеле де Роси.

За Рома одигра 459 натпревари и постигна 43 гола. За репрезентацијата на Италија запиша 117 натпревари и постигна 21 гол, освои многу трофеи во кариерата.

Се вчитува...