Даниеле Де Роси на шопинг во Јувентус

Поранешната играчка легенда на Рома, Даниеле Де Роси ќе остане на „жешкото столче“ на својот омилен клуб и во следната сезона откако ја доби довербата за раководстовото со одлични резултати по превземањето на тимот од Жозе Мурињо.

А, Роси веќе и започна со склопување на ростерот за престојната сезона со тоа што Италијанецот има и една голема желба за летно засилување, пренесуваат италијанските медиуми.

Станува збор за ѕвездата на Јувентус, Фредерико Кјеза чиј договор во „старата дама“ во јуни 2025 година. Де Роси кој веќе соработуваше со 26-годишникот во италијанската репрезетнација на него гледа како совршен фудбалер за тактичните замисли.

Со оглед дека тоа што има уште една година од договорот доколку Јувентус сака да заработи од неговото заминување ќе мора да најде заеднички јазик со Рома.

Се вчитува...