Данил: Извини Ноле … ти си и понатаму најголемиот на сите времиња!

Рускиот тенисер Данил Медведев беше исклучително задоволен по триумфот на УС Опен, но додаде дека малку му е жал што го спречи Новак Ѓоковиќ да испише историја.

Медведев го освои првиот Гренд слем трофеј во Њујорк, откако успеа да го победи најдобриот тенисер на светот со убедлив резултат од 3-0 во сетови. На тој начин го спречи Ѓоковиќ да стигне до календарскиот слем.

„Првпат бев толку нервозен. Жал ми е за навивачите и Новак, бидејќи сите знаеме што сакаше тој да постигне денес. Но, поради она што го направи Ноле оваа година, и во текот на неговата цела кариера, за мене тој и понатаму е најголемиот играч на сите времиња. Никогаш порано не сум го кажал тоа“, рече Данил.

Данил се заблагодари и на својот тим за целосната поддршка, па откри дека трофеојот ќе биде подарок за неговата сопруга за годишнината од свадбата.

„Би сакал да им се заблагодарам на сите – на тимот, пријателите, семејството, фановите, ви благодарам. Не беше лесно да се дојде до титулата. Ви благодарам што ми помогнавте на ова патување. Разбирам зошто навивавте повеќе за Новак, но ми дадовте многу енергија, од 2019 година “, додаде новиот Гренд слем шампион.

Се вчитува...