Данил Медведев одлично ја почна годината, се искачи на второто место на АТП-листата, но рускиот тенисер сега ќе мора да отсуствува од тениските терени откако беше позитивен на последното тестирање за коронавирус.
Медведев планираше да настапи на Мастерс-турнирот во Монте Карло за да се обиде да ја намали негативата во однос на Новак Ѓоковиќ, но Русинот утрово дозна дека е позитивен на Covid-19. Тој не чувствува никакви симптоми, но веднаш замина во самоизолација.
„Ова е големо разочарување. Сега ќе настојувам што поскоро да се вратам“, порача Медведев.
Тој требаше да биде слободен во првото коло во Монте Карло, а во втората рунда требаше да се сретне со подобриот од мечот Крајиновиќ – Басилашвили.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА