Данило Бала потпиша двегодишен договор со Вардар

Бразилскиот интернационалец Данило Бала го засили Вардар, потпишувајќи двегодишен договор со „црвено-црните“. Со тоа тимот го доби и третиот интернационалец од Бразил во своите редови, по Вилијан Лира и Виктор Јуфо. Новото име во редовите на Вардар игра како крилен фудбалер и доаѓа од екипата на Кампиненсе каде што настапуваше во изминатите месеци.

„Дојдов во најголемиот и најтрофејниот клуб во Македонија. Со своите настапи сакам да помогнам тимот да ја освои титулата во првенството. Среќен сум што дојдов во овој клуб кој што има славна историја. Знам дека минатата година тимот влезе во групната фаза од Лигата на Европа. Најсреќен би бил сега во четврток екипата да се пласира во следната фаза“, изјави новото засилување за официјалниот сајт на клубот.

 

Се вчитува...