Данило Брестовац и официјално на клупата на Ред Бојс Диферданж

Поранешниот македонски репрезентативец и досегашен помошник тренер во Шамбери, Данило Брестовац, од следната сезона како прв тренер ќе го предводи тимот од Луксембург, Ред Бојс Диферданж.

Брестовац кој е еден од македонските тренери со ЕХФ Мастер лиценца, со тимот од Луксембург потпиша договор на две сезони, а вчера беше и официјално претставен како нов тренер на клубот.

По две сезони поминати во францускиот Шамбери каде му беше помошник тренер на поранешниот селектор на македонската репрезентација, Ивица Обрван, Брестовац се сели во Луксембург и почнува самостојна тренерска кариера на клупата на Ред Бојс Диферданж. Претходно, Брестовац работеше како помошник тренер и тренер на голманите во металург, а во тандем со Обрван беше и дел од стручниот штаб на македонската ракометна репрезентација.

brestovac luksemburg

brestovac 2

brestovac luksemburg23

Се вчитува...