Данило Брестовац не е повеќе тренер на Ал Араби

Македонскиот тренер Данило Брестовац не е повеќе тренер на катарскиот клуб Ал Араби. После две сезони во кои освои шест трофеи, меѓу кои и последниот кога се закити со титулата во домашниот шампионат, се раздели од клубот.

Крајот беше означен после Азискиот шампионат, најелитно клупско натпреварување во Азија. Тимот на Брестовац одигра три пати нерешено и не обезбеди пласман во полуфиналето, иако освоија пет бодови исто колку и полуфиналистот Ал Кувајт, кој се пласираше меѓу најдобрите четири тима

Пред Ал Араби, Брестовац ги водеше Ал Сафа, селекцијата на УЕА, Тиквеш, Мудар, селектор на Македонија, Металург и Диферданж.

Се вчитува...