Данило: Не знаев што се случува, а дадов гол…

Данило испиша историја откако стана играч кому му било потребно најмалку време на теренот за да го постигне првиот гол за новиот клуб, откако бразилскиот дефанзивец се запиша меѓу стрелците по само 26 секунди откако влезе во игра на мечот Јувентус – Наполи. Тој мораше да го замени повредениот Де Шилјо при корнер за Наполи, по што веднаш следеше контранапад во кој Данило се најде на вистинското место и на асистенција ја Даглас Коста го совлада гостинскиот голман.

„Да бидам искрен, не знаев што се случува. Не бев подготвен за деби, тренирав напорно за да влезам во форма, а тогаш Де Шилјо се повреди и мора да влезам и да помогнам. Во еден момент бев на клупата, а веднаш потоа влегов на теренот, истрчав контранапад и постигнав гол. Радоста е голема, но да бидам искрен бев во шок кога ја видов топката во мрежата“ – истакна Данило.

Де Шилјо поради повреда ќе отсуствува извесно време од терените, па се очекува Данило по репрезентативната пауза да ја преземе улогата на стартен десен бек во тимот на Маурицио Сари.

Се вчитува...