Даноски му донесе победа на Нови Пазар против ТСЦ

Македонскиот фудбалер Зоран Даноски, е „џокерот“ за голема победа на Нови Пазар на гостувањето кај ТСЦ за кој играше Мартин Мирчевски. Даноски влезе и убаво погоди во 57. минута, гол кој на крајот се покажа како единствен во мечот за голем триумф за Нови Пазар.

За Даноски ова беше втор гол во првенството, откако погоди и против Чукарички. Нови Пазар дојде до вториот триумф во сезоната, додека ТСЦ првпат загуби сезонава.

Мартин Мирчевски играше за домашниот тим од 63. минута. Имаше еден удар кон голот, но ја погоди само стативата од голот на гостите.

Се вчитува...