На 1. јули оваа година, македонскиот фудбалер Зоран Даноски направи трансфер во српската супер лига од Младост во Нови Пазар. И добро тргна во новиот тим, но по само нешто повеќе од еден месец, се реши да го напушти тимот.
Негова следна дестинација е Сурдулица и дресот на Радник. Практично, Даноски се враќа во овој тим во кој настапуваше од 2018 до 2021 година. Потоа беше дел од Пролетер, па Младост, пред да потпише за Нови Пазар.
Даноски на стартот од сезоната во српското првенство, постигна два гола во седум настапи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА