Даноски потпиша за српскиот суперлигаш Пролетер од Нови Сад (ФОТО)

Зоран Даноски ја продолжува кариерата во српскиот суперлигаш Пролетер од Нови Сад.

Поранешниот фудбалер на Победа, Тиквеш, Металург, како и Прибрам и Мост во Чешка, изминатава сезона беше еден од најзаслужните за успехот на Радник Сурдулица во Суперлигата на Србија со освоеното 6. место и полуфинале во Купот на Србија. Токму како последица на тоа следи трансферот во Пролетер Нови Сад.

Изминатава сезона 30-годишниот Даноски постигна и три гола, дополнети и со седум асистенции, на 36 меча за Радник.

Се вчитува...