Даноски си замина од Победа во Радник Сурдулица, три нови имиња кај прилепчани

И покрај тоа што пред само една недела ФК Победа официјално објави дека ја продолжува соработката со најдобриот стрелец од минатата сезона, сепак Зоран Даноски го напушти Прилеп и се сели во српскиот суперлигаш Радник Сурдулица.

27-годишниот Даноски и официјално се договори за двегодишна соработка со Радник, до јуни 2020 година. Претходно во својата кариера има настапи и за Металург во домашниот шампионат, како и за Мост Прибрам и Интер Запрешиќ.

Заминувањето на Даноски, ќе треба да се надополнува со најновото засилување Жоглев кој дојде од ФК Осогово. Нови имиња во Победа за новата сезона се и поранешниот младински репрезентативец Бурхан Мустафов, кој изминативе шест месеци беше во албанскиот прволигаш Теута, како и голманот Ванче Манчевски.

Се вчитува...