Данска го доби скандинавското дерби против Шведска и остана во игра за полуфинале

Домаќинот на еврошампионатот Данска стигна до многу значајна победа, откако во скандинавското дерби успеа да ја совлада Шведска со 24-22. Неизвесен и израмнет натпревар во кој решаваа нијанси, а домаќинките успеаја подобро да се снајдат во клучните моменти и да стигнат до победа над големиот ривал.

Во таборот на Данска мечот со шест гола го заврши Мете Транборг, додека кај Швеѓанките четири гола постигна Торлифсдотир.

Данска во моментов има три бода односно четири помалку од Русија и Франција, но доколку слави во директниот дуел со Русија ќе се пласира меѓу четирите најдобри.

Се вчитува...