Николај Јакобсен уште долго ќе остане на чело на данската ракометна репрезентација откако одличниот стратег денеска потпиша нов договор, со важност до 2030 година.
Екс-тренерот на Рајн-Некар Левен е селектор на својата држава од 2017 година, успевајќи да ја предводи Данска до три титули во низа на светските шампионати. Во федерацијата очекувано се задоволни од неговата работа, што резултираше со потпис на овој долгорочен договор.
„Презадоволен сум што потпишав договор на толку долг период. Имам можност да работам со исклучително талентирани ракометари, но и со еден извонреден стручен штаб со кој уживам да соработувам. Затоа, забавно ми е секој пат кога ќе имаме репрезентативен собир. Се надевам дека дадов свој придонес за уште поголем развој на данскиот ракомет, што во секој случај ќе ми биде приоритет и во наредниот период. Ова не се однесува само на А-селекциајта, се андевам дека помогнав да се воспостави систем и во младите категории, за развој на талентираните дански ракометари“, изјави Јакобсен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА