Данска и Јапонија како на тренинг, блескаво второ полувреме на Унгарија

Женската ракометна репрезентација на Данска со победа од 34-16 над Тунис го отвори 25. Светско првенство. Данкинките текот на мечот го назначија уште од самото отварање со што ја потврдија фаворитската улога и стигнаа до лесна победа.

На триумф се радуваше и Јапонија која без маки ја совлада репрезентацијата на Прагвај со 40-17, а на победа се радуваше и Унгарија која славеше против Словачка со 35-29.

До победа Унгарките стигнаа благодарение на подобрата игра во вторите 30. минути кои го добија со 19-13, успевајќи да го надминат отпорот на Словачка од првото полувреме.

Се вчитува...