Данска ја освои бронзата на ракометното СП за жени 2021

Репрезентацијата на Данска е освојувач на бронзениот медал на Светското првенство за ракометарки кои се игра во Шпанија. Данките во малото финале славеа над домаќинот со убедливи 35-28.

Во првото полувреме се играше во ритамот кој им одговараше на данските ракометарки кои на пауза заминаа со позитива од три гола (16-13). Во вториот дел продолжија да го газат противникот. Разликата само се зголемуваше, за на крајот да заврши со голема победа на Данска од 35-28.

Хансен и Јоргенсен со по шест гола беа први имиња во победничкиот табор, додека кај поразените ист број постигна Мартин.

Се вчитува...