Данска ја „уништи“ Црна Гора

Домаќинот Данска стигна и до втората победа на женскиот ракометен Европски шампионат, откако во второто коло од А групата беше убедлива против Црна Гора со 28-19.

Првиот дел помина во израмнета игра, а Данките на полувреме заминаа со предност од само два гола разлика 11-13. Сепак, во вториот дел заиграа далеку подобро и успеаја да го скршат отпорот на секогаш незгодната Црна Гора.

Во последното коло Данска ќе игра против Франција за првото место, додека Словенија и Црна Гора во директен дуел ќе одлучат за последниот патник во следната фаза.

Се вчитува...