Данците имаат желба пред пресметката со Македонија: Нека ја пренесат лошата форма од Кардиф и во Копенхаген

Македонската фудбалска репрезентација ќе игра против Данска во полуфиналето во баражот за пласман на Мундијалот 2026 година. Меч кој ќе се одигра на Паркен во Копенхаген, и дуел во кој Данците влегуваат како фаворити, пред се поради домашниот терен и поради искуството со редовни настапи на последните европски и светски првенства.

Сепак, експертите во Данска се внимателни. Поранешниот репрезентативец на Гана, Франсис Дико кој е роден во Данска, и кој сега е експерт за „Виаплеј“, ја анализираше македонската репрезентација.

„Од почетна гледна точка тоа е добра ждрепка. Сепак, го кажувам ова со мала резерва. Затоа што Македонија на крајот на краиштата загуби само еден натпревар во квалификациите“, рече Дико, и додаде:

„Селекција која тешко губи, но во Велс им се случи да загубат убедливо. Посакувам да ја пренесат формата од мечот со Велс и на Паркен во Копенхаген, и тогаш работите ќе бидат полесни за данската репрезентација“, вели тој.

Сепак, во Данска немаат многу оптимизам пред баражот. Во спроведена анкета на „Суперлига Спотет“, оние кои сметаат дека Данска ќе се пласира на СП и оние кои сметаат дека нема да го стоат тоа, речиси се израмнети.

Се вчитува...