Данците супериорни против Финска

Данска очекувано лесно и убедливо прокнижи нови бодови во нашата квалификациска група за ЕП 2022 откако актуелниот олимписки шампион триумфираше на гостувањето против Финска со резултат 22-40.

Селекторот Јакобсен им даде заслужен одмор на дел од најдобрите ракометари, но Данците со комбиниран состав им одржаа вистинска лекција на финските репрезентативци. Прашањето на победникот беше решено уште во првото полувреме во кое гостите поведоа со 11-19, за фаворитот до крајот да стигне и до убедливи 18 гола разлика.

Јохан Хансен со 11 погодоци беше прв стрелец на победничката селекција, осум постигна Емил Јакобсен, а пет пати прецизен беше Холм. Најефикасен во финскиот табор беше Гранлунд со седум гола.

Се вчитува...