Дарио Ивановски беше единствен натпреварувач на Македонија на Европското првенство што се одржува во Бирмингем, каде наашиот репрезентативец се појави во маратонската трка.
Ивановски се претстави во солидно светло, осттвари време од 2:22:39, што беше доволно за освојување на 46. место во конкуренција на 60 маратонци.
Нов европски шампион е Германецот Петрос, кој стигна до златото со време од 2:09:11, што е нов рекорд на оваа патека. Во драматичниот финиш, веднаш зад него со седум стотинки заостанување беше Италијанецот, Рива, а со бронза се закити Ајал Израел со десет стотинки послабо време.
Во женска конкуренција, со време 2:22:26 најбрза беше Алиша Ваинио од Финска, која издоминира на патеката и зад себе ја остави Лили Ана Виндих од Унгарија со 2:27:26, додека трета заврши домашната натпреварувачка Аби Донли со 2:27:33.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
