Дарио Ивановски пак го освои Белград

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски продолжува со одлични настапи, откако денеска триумфираше на полумаратонската трка како дел од Белградскиот маратон. Идентично како и лани, Ивановски доминираше на полумаратонската трка, стигнувајќи прва на целта за речиси две минути подобро време вооднос на лани.

Имено, Македонецот денеска триумфираше со време од 1:08.13 час, додека лани за прво место доволно му беше 1:10.01 час, како потврда за големиот напредок во формата на Ивановски.

Зад него се пласираше Милош Сегеди од Србија на второто место, додека третата позиција му припадна на уште еден Македонец, Милош Ранчиќ, кој оствари време од 1:12.41.

Нареден предизвик за Дарио Ивановски е одбраната на тронот на полумаратонската трка на Скопскиот маратон, закажана за 6 мај.

Се вчитува...