Дарио Ивановски победник на полумаратонската трка на Скопскиот маратон

Најдобриот македонски атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски од АК Работнички е победник на полумаратонската трка на „Виз ер Скопскиот маратон 2018“.

Ивановски на убедлив начин стигна до триумфот, истрчувајќи ја патеката од 21 километри за 1 час, 9 минути и 10 секунди. На второто место заврши Атанас Анчевски од АК Делта, а трет заврши Милош Ранчиќ.

На женската полумаратонска трка триумфираше македонската атлетичарка Милјана Ристиќ, пред Амела Трозиќ од БиХ, а трета заврши Сливија Шимуновиќ од Хрватска.

Се вчитува...