Дарио Митевски „прекомандуван“ во првиот тим на МЗТ Скопје (ФОТО)

Доскорешниот капитен на МЗТ Скопје 2, Дарио Митевски од следната сезона ќе настапува со првиот тим на составот од Аеродром, потврди денеска клубот. Плејмејкерот потпиша нов, четиригодишен договор со „сино-белите“ и ја продолжи верноста до крајот на сезоната 2024/25.

Митевски кој воедно и е младински репрезентативец на Македонија на ФИБА „Челинџерот“ за кошаркари до 20 години бележеше просек од 10.0 поени, 4.6 скока и 3.2 асистенции по натпревар. 19-годишникот летото го помина со првиот тим на МЗТ Скопје, а во новата сезона се очекува да биде во конкуренција за разигрување на тимот покрај Дастин Вер и Кристијан Николов.

Се вчитува...