Дарко Чурлинов се враќа во Шалке 04!

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов е пред враќање во редовите на Шалке 04, дознава ЕКИПА.

И покрај тоа што по доаѓањето на новиот спортски директор на клубот, Марк Вилмотс се чинеше дека можноста Чурлинов да се врати во Гелзенкирхен е невозможна затоа што македонскиот фудбалер не беше во плановите на новиот спортски менаџер, изминативе денови комплетно се променија нештата и Чурлинов сега е пред промоција во Шалке 04.

Шалке 04 сега изрази да го доведе Чурлинов на позајмица од англиски Барнли, и како што дознаваме преговорите се во завршна фаза. Веќе се очекува Дарко Чурлинов уште пред продолжението на сезоната во Втората германска лига, односно дуелот на Шалке 04 против Хамбург во сабота (20. јануари), до крајот на неделава да биде промовиран повторно во германскиот клуб.

Чурлинов, кој за Шалке настапуваше пред две години пред да се пресели на Островот, изминатиов период не криеше дека тимот од Гелзенкирхен за него секогаш е во срцето и нема ништо против да се врати во таа средина.

Се вчитува...