Силекс веќе ја подготвува екипата за новата сезона, враќајќи го во своите редови крилниот офанзивец Дарко Додев.
По три години, 26-годишниот Додев повторно се враќа во Кратово каде настапуваше во периодот од 2018 до 2020 година. Изминативе четири години беше дел од штипска Брегалница, албанскиот прволигаш Влазнија, а минатата сезона настапуваше за Шкупи, од каде сега повторно се враќа во Силекс.
Од Силекс најавуваат и нови засилувања низ летниот преоден рок во желбата за креирање максимално компетитивен состав со далеку повисоки амбиции за новата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА