Дарко Глишиќ потпиша за бугарскиот Арда

Поранешниот играч на Вардар, Дарко Глишиќ, и следната сезона ќе настапува во Бугарија. Тој потпиша за новиот прволигаш Арда, откако минатата година беше дел од Септември Софија. Левиот бек има интернационално искуство и од Грузија, каде во минатото настапуваше за Динамо Тбилиси.

„Сакав да останам во Бугарија и затоа ја прифатив понудата на Арда. Се надевам дека ќе имаме успеси во елитното друштво“, изјави Дарко Глишиќ.

 

Се вчитува...