Дарко Илиески ја засилува одбраната на Работнички?

Работнички е пред потпис со стоперот Дарко Илиески, кој од пред неколку дена го напушти тимот на Копер, и сега е слободен фудбалер. Илиески во минатото играше и за Пелистер, Шкупи, Борец, Тиквеш, Металург, а покрај Копер, има уште еден интернационален ангажман во тимот на Ширак од Ерменија.

Илиески би требало да ги решава проблемите на Работнички во одбраната, откако си замина Александар Ристески, а пред заминување е и Александар Позњак. Токму од тука еден од приоритетите на „романтичарите“ во овој преоден рок ќе биде стоперската позиција која треба да биде пополнета со Илиески и со уште еден фудбалер.

Исто така проблематичен во есенскиот дел беше и нападот, па треба да се очекува дека Работнички да бара засилување и на таа позиција.

Се вчитува...