Дарко Мицевски го освои Купот на Летонија

Дарко Мицевски со неговиот тим РФС, го освоија трофејот од Купот на Летонија. Дарко Мицевски беше стартер и го одигра целиот меч во финалето, во кое славеа над Лиепаја со 0:1.

Мицевски е дел од РФС веќе втора година, откако од Вардар замина во летонскиот тим и сега е стандарден во таа екипа.

Сега Мицевски и РФС Рига ќе се борат и за шампионскиот трофеј. Во моментов се на првата позиција на табелата со 59 бода, два повеќе од вторпласираниот.

Се вчитува...